Во анализа на грчкото онлајн издание ProNews, Сорос се опишува како личност која што диригира со илјадници невладини организации кои што имаат улога на марионети и робови кои што се одговорни за пролеаната крв на милиони луѓе, само за да го направат побогат. Идентично како и кај нас и овде, како главни проблеми околу соросовите навладини организации се јавуваат нивното финансирање и нивната цел.
“Прашањата околу некои од овие невладини организации во последните години ги зголемија основаните сомненија, како во однос на изворите на финансирање, така и во однос на целите за кои што служат. А особено во однос на нивното финансирање, неколку од нив го обезбедија својот опстанок благодарение на великодушноста на познат шпекулант и граѓанин на светот како што тој сака да се нарекува, Џорџ Сорос”, стои во анализата.
Во текстот се потсетува и дека унгарскиот премиер Виктор Орбан ја прогласи 2017 та за година на отстранување на Сорос, а дека со сличен став излезе и лидерот на победничката партија на изборите во Македонија, Никола Груевски.
“Организациите поддржани од американскиот магнат се обвинуваат за предизвикување на вандализам и анархија во рамките на големите анти-владини протести изминатиот период. Следбениците на Груевски започнаа голема кампања позната под името Стоп операција Сорос”, се вели во анализата, додавајќи дека слична кампања беше иницирана и во Русија од страна на рускиот претседател Владимир Путин.
Во анализата се вели и дека освен тоа што Сорос во Македонија ги финансира организациите како Хелсиншки комитет, Центар за меѓусебно разбирање, Асоцијацијата за демократски иницијативи итн, има и блиски соработници меѓу сегашните и поранешни политичари, како на пример Бранко Црвенковски.