Пронјаден исчезнатиот српски новинар

Стефан Цветковиќ

Од неодамна исчезнатиот новинар Стефан Цветковиќ е пронајден и е добро, соопшти на прес-кофенренција во петокот претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Жив, здрав, поздрав не може да биде“, рече Вучиќ за Цветковиќ кој, како што рече, сега се наоѓа на испитувања во Управата на криминалистичката полиција. Истакна дека немало никакви судири,

Рече дека е горд на безбедносните сили, но истакна дека Цветковиќ има многу работи коишто треба да ги објасни. Цветковиќ бил пронајден во претпладневните часови во широкиот регион на Бела Црква.

„Во добра состојба е. Тој изнесе некои свои тврдења. Дали се вистина или не, нашите безбедносни органи се сомневаат во тие тврдења, но ние ќе се однесуваме како да е вистина тоа што го кажа“, рече Вучиќ.

Истакна дека се сослушани десетина лица, дека се прегладени повеќе снимки од надзорни камери, и оти ниту една снимка не излегла во медиумите.