Пропадна трансферот на Ловрен во Рома

Трансферот на Дејан Ловрен во Рома пропаднал и Ливерпул ги откажал разговорите за централниот дефанзивец, пренесе „Мирор“.

Европскиот шампион ги има Вирџил ван Дајк, Џо Гомез и Жоел Матип во центарот на одбраната и од таа причина хрватскиот репрезентативец сака да премине во друга екипа.

– Нема да има трансфер на Ловрен во Рома. Ливерпул ги откажа разговорите. Од Рома е побарано да го изнајмат, пишува „Мирор“.

Раководството на Ливерпул, сепак, сака да го продаде Дејан Ловрен, а не да го отстапи.