Проруската „Преродба“ протетсираше во Софија со симболот „Z“

Приврзаниците на бугарската партија „Преродба“, меѓу кои има и такви со симболот „Z“ кој означува поддршка за Кремљ, со автобусии стигнаа пред зградата на парламентот, на протест кој треба да започне сега, во 12 часот, јави БГНЕС.

Освен бугарски, во центарот на главниот град се веат и руски знамиња. На Споменикот на Царот Ослободител пред зградата на Собранието е закачен голем црвен постер со правописна грешка, на кој пишува:

„Моќна морална и духовна поддршка за братска Русија од целиот бугарски народ и Бугарија! Почна!!!“.

Пред зградата на бугарското Народно собрание поставени се метални огради.

Партијата „Преродба“ протестира за да го искаже својот став дека Бугарија нема место во воениот конфликт меѓу Украина и Русија и дека не треба да ѝ дава оружје на Украина. Според најмалата пратеничка група во 47. Народно собрание, официјална Софија не смее да дозволи да се стационираат воена опрема и војници на НАТО на територијата на Бугарија.

Демонстрантите бараат итна оставка од премиерот Кирил Петков и од целата влада.