Проруски хакери објавија лични податоци на украински оператори со дронови

Хакерската група RaHDit, која на западот се доведува во тесна поврзаност со Кремљ, објави на социјалните мрежи лични податоци за повеќе од 1.200 оператори на беспилотни летала кои се ангажирани за украинските вооружени сили.

Всушност, како што се објаснува во објавата, наводно станува збор за целата кадровска структура на припадниците на 383-от специјален полк за далечинско управување со летачки апарат на Вооружените сили на Украина.

Оваа единица на украинската војска, според рускиот Истражен комитет, учествува во нападите на руската територија, како и на аеродромот во Шајковка во Калушката област, во Дијагилемво во Рјазнаската овласт и Енгелс во Саратовскиот регион.

Според руските медиуми, меѓу операторите со украинските дронови идентификувани од хакерите се наоѓаат лица кои се осудени за насилство и злоупотреби на деца и сексуални настраности и неонационалисти.

Во октомври минатата година, Истражниот комитет покрена обвинение во отсуство против командантот на 383-от полк, полковникот Сергеј Бурденјук, кој од февруари годинава е ставен и на руската листа барани терористи, поради напади со беспилотни летала на руските аеродроми. Тој се товари за саботажа, убиство и обид за убиство. Според истражителите, Бурденјук бил тој кој планирал и организирал лансирање на беспилотни летала „Ту-141 Стриж“ од регионот Харков, кои извршиле напади на руските аеродроми од 7-ми октомври до 26-ти декември 2022 година.

Тогаш украинските вооружени сили неколкупати се обидоа да организираат такви напади. Така, на 5-и декември 2022 година, системите за противвоздушна одбрана пресретнаа беспилотни летала во областа Енгелс, но тројца руски воени лица загинаа при падот на остатоците. Покрај тоа, две летала добиле мала штета. Уште еден напад на аеродромот во Енгелс се случи на 26-ти декември истата година. И тогаш руските системите за противвоздушна одбрана соборија уште еден дрон и тројца руски војници беа смртно повредени поради паѓање на остатоци.