Самопрогласената Луганска Народна Република, доминатно руски и рускојазичен регион на истокот од Украина, наскоро би можела да одржи референдум за просоединување на Руската Федерација, изјави во неделата локалниот челник Леонид Пасечник.
„Мислам дека во блиско време на територијата на републиката ќе биде спроведен референдум, на кој народот ќе го реализира своито апсолутно уставно право и ќе го искаже своето мислење во врска со стапување во Руската Федерација“, изјавил Пасечник на средбата со странските новинари во Луганск.
Според рускиот сенатор Андреј Клишас, самопрогласените проруски републики во 2014 година по државниот преврат во Киев, Донецк и Луганск имаат право да донесат одлука за влегување во составот на Русија „според своите устави“.
По осум години од самопрогласувањето на двете „народни републики“ во Донбас, тамошните челници од Москва бараа да ја признае нивната независност, а руската Државна Дума донесе резолуција во таа смисла и ја испрати до претедателот Владимир Путин.
Рускиот челник на 21-ви февруари го потпиша указот за признавање, а по три дена Русија започна настапување во Украина којашто ја нарекува „специјална воена операција“. Москва ја оправдува со поседувањето веродостојни податоци дека Киев се подготвува воено да го реши конфликтот во Донбас, и оти целта на операцијата е „заштита на луѓето кои во текот на сум години се подложени на малтретирања и геноцид од страна на киевскиот режим“, како и „демолитаризација и денацизација“ на Украина.