Проруските сепаратисти денеска ја заземале зградата на Централната банка во Доњецк на истокот на Украина.
Претставникот на бунтовниците, Олександар Матјушјин, вели дека во тек се преговори како финансиските трансакции од данокот да се собираат во новата Народна Република Доњецк.
Андреј Пургин, заменик-премиерот на самопрогласената република вели дека не се работело за насилно заземање на банката, туку по веќе планиран дијалог.
Вооружените сепаратисти го обезбедуваат главниот влез, а на службениците им е дадена наредба да ја напуштат зградата.
Регионите Доњецк и Луганск прогласија независност од Киев на спорен референдум на 11 мај. Референдумот официјален Киев и меѓународната заедница го оценија за нелегитимен.