Борците од доминатно руските и рускојазичните региони на истокот од Украина во областа Донбас во четвртокот потвдија дека ја контролираат речиси целата административна територија на регонот Луганск и повеќе од половината на регионот Донецк, за протерувањето на украинските сили од овие подрачја беше приоритет на руската воена офанзизва во Украина.
„Утрово, 31-ви март, ослободени се повеќе од 90 отсто од територијата на Народна Република Луганск“, објави владата на регионот кој прогласи независност по превратот во Киев во 2014-та кога ѝ беше назначен неизбран гуверенер а рускиот јазик беше укинат како официјален, а чијашто независност Русија ја призна по осум години непосредно пред почетокот на нејзината офанзива,
Пред почетокот на руската операција, проруските милици контролираа околу третибна од териториите на Доњецк и Луганск, односно 8.900 од 26.500 кондвадатни метри од Доњецк и 8,400 од 26.700 квадратни метри од Луганск.
Соопштено е дека градот Мариупол, важното пристаниште кон Азовското Море, кој со денови беше опколен од руските единици. Рамзан Кадиров, претседателот на кавкаската република Чеченија, кој е во градот со свои борци изјави дека 90 до 95 отсто од Мариупол е под руска контрола. Според него, последните украински бориц кои останале да пружаат отпор се позиционирани во металуршкиот комбинат „Азовстал“.
Според украински извори во Мариупол се водат жестоки борби и градот сѐ уште е под контрола на украинските сили.
Руските сили во 9 часот утрото по локално време објави прекин на огнот за од Мариупол да бидат извлечени повеќе десетици илјади луѓе.
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека автобусите се на пат за Мариупол во обод да ги евакуираат цивилите, како и дека Меѓународната комисија на Црвениот крст потврдил дека Русија се согласила да отвори хуманитарен коридор поради евакуацијата.