Настојувањето политиката на телевизијата да биде избалансирана е причината поради која досегашната уредничка на телевизијата „24 Вести“, Богданка Кузевска, дошла во судир со менаџментот, тврдат извори од телевизијата за „Република“.
Според нив, Кузевска не се согласила со барањат во предизборието политиката да биде про сдсмовски ориентирана.
Програмски директор во „ТВ 24Вести“ е поранешниот портпарол на Бранко Црвенковски, Зоран Иванов, кој во оваа телевизија дојде откако доби отказ од „ТВ Алфа“. Тој веќе преговарал со новинар од друга телевизија да дојде и да биде главен уредник.
Кузевска вчера потврди дека си заминува од телевизијата „24Вести“ поради серија несогласувања со менаџментот. Отказот го дала деновиве, а од први март повеќе не е дел од информативната програма на телевизијата.
„Поради несогласувањата околу начинот на работа во информативниот дел и неколку писма од страна на менаџментот полни со според мене неосновани забелешки како и парични казни за мене, јас ја понудив мојата оставка од главен и одговорен уредник“, рече таа.
Таа посочи дека несогласувањата биле околу нејзината невклученост во клучни одлуки. Меѓудругото, нагласи и пример на и промена на уредник во репортер, без воопшто да биде консултирана.
Пред Кузевска главен и одговорен уредник беше Боби Христов кој беше сменет од менаџментот, но остана во телевизијата. За три години, „24 вести“ имала четири главни уредници: Анита Петровска, Љупчо Цветановски, Боби Христов и Богданка Кузевска.