Просечната нето-плата во август 41 097 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41 097 денари, што е за 12,9 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (18,9%), Уметност, забава и рекреација (18,8%) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (17,0%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (5,3%), Земјоделство, шумарство и рибарство (4,2 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,2%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во август годинава, изнесувала 61 806 денари.