![denari1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/denari1.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Од 2006 до оваа година просечната пензија во Македонија се зголемила за 62 отсто и тоа од 7.683 на 12.445 денари, анализира „Сител“.
Најниската пензија пак се зголемила за 76 отсто од 4.330 на 7.620 денари, додека највисоката пораснала од 27.606 денари на 36.007 денари или за 30,43 отсто.
Од Сојузот на здруженијата на пензионерите велат дека покачувањата се клучни за подобрување на стандардот и овозможување на здрав и активен живот на околу 280 илјади пензионери во земјата.
Последното покачување на пензиите, за 600 денари, стартуваше од февруари. За таа намена од буџетот се издвоени 1,8 милијарди денари.
Старосната граница за пензионирање останува непроменета за разлика од други земји, како и дека Македонија е единствената земја во Европа која во тешки економски времиња во континуитет ги зголемува пензиите