Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, изнесува 112.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (20.1 %), Уметност, забава и рекреација (19.3 %) и Преработувачка индустрија (17.7 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14.9 %), Рударство и вадење на камен (12.8 %) и Транспорт и складирање (11.0 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2020 година, изнесува 27.206 денари, што е пад во однос на јануари кога истата изнесуваше 27.540 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, изнесува 113.1.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19.5 %), Стручни, научни и технички дејности (18.8 %) и Преработувачка индустрија (18.7 %).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14.6 %), Рударство и вадење на камен (12.7 %) и Транспорт и складирање (11.4 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2020 година, изнесува 40.588 денари.