Во ноември или декември просечната плата ќе биде 840 евра, а пензијата 387 евра, рече српскиот претседател Александар Вучиќ за време на своето обраќање во четвртокот, додавајќи дека поради малку понискиот економски раст во 2024 година, се очекува приходите да растат побавно.
„Во 2024 година ќе имаме нешто помал раст и ќе достигнеме меѓу 424 и 434 евра просечна пензија. Во 2025 година просечната пензија ќе биде 450 евра, изјави Вучиќ, пренесе Блиц.
Зборувајќи за растот на платите, Вучиќ изјави дека во 2012 година просечната плата била 331 евро, а во 2022 година достигна 718 евра.
„Во ноември или декември годинава просечната плата ќе биде 840 евра, а во 2024 година ќе достигне 930 евра, а во 2025 година 1025 евра. На крајот на 2025 или почетокот на 2026 година просечната плата во Србија ќе биде 1.124 евра“, изјави Вучиќ.
Тој додаде, како што пренесува Блиц, дека просечната плата на крајот на 2025 и почетокот на 2026 година ќе биде 1.455 евра.
„Во Војводина ќе биде 1.071, а цела централна Србија ќе биде 930 евра. Затоа треба многу да инвестираме таму. Притоа, јавниот долг не смее да надмине 56 проценти“, посочи Вучиќ и ги повика граѓаните „слободно да ги трошат парите бидејќи ќе имаат поголеми приходи“, рече тој.