Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2022 година, изнесува 33.011 денари, додека просечната бруто-плата за истиот месец била 49.397 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 113,3.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (18,7%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,5%) и административни и помошни услужни дејности (17,3%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4,5%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,5%) и уметност, забава и рекреација (3,1%).