Просечната плата за декември скокна на 34 464 денари, пресмета Државната статистика. Претходно, просечната нето плата во држават изнесуваше 33 011 денари.
Според Државниот завод за статистика, растот на платите се должи, пред сè, поради растот на платите во три сектори, за разлика од ноември. Станува збор за секторите преработувачка индустрија, каде се бележи раст од 10,4%, уметност, забава и рекреација, каде е забележан раст од 10,2% и административни и помошни услужни дејности, каде растот е 9,4%.