Граѓаните на Босна и Херцеговина со една просечна плата не можат да купат ниту половина од стоките и услугите што се во потрошувачката кошница за јули, што изнесува повеќе од 1.500 евра, извести во понеделник Сојузот на синдикати на БиХ.
За синдикалната кошница во јули било потребно да се издвојат 2.977 локални конвертибилни марки (1.526 евра). При креирањето на синдикалната потрошувачка кошница, просечната плата исплатена во Федерацијата Босна и Херцеговина и минималните трошоци за живот на четиричлено семејство составено од двајца возрасни и две деца, од кои едното е на средношколска а другото на основношколска возраст.
Во потрошувачката кошничка, исхраната учествува со 43,74 отсто, домувањето и комуналните услуги сочинуваат 13,30 отсто, хигиената и одржувањето на здравјето 8,77 отсто, потоа образованието и културата со учество од 10,75 отсто, облеката и обувките 12,09 отсто, транспортот учествува со 4,63 отсто, а одржувањето на домаќинствата учествува со 6,72 отсто, покажуваат податоците на синдикалната кошничка.
Во исто време, просечната плата во БиХ е само 709 евра, додека минималната 317 евра и претставува 20,79 отсто од висината на потрошувачката кошница.