Просечната плата во декември изнесувала 39.998 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесувала 39.998 денари и во однос на декември 2022 е поголема за 16.4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Растот на платите се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27.1 %) и Градежништво (21.8 %).

Просечната бруто-плата во декември 2023 година, изнесувала 60.036 денари.