Просечната плата во февруари помала за 324 денари во однос на јануари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2021 година, изнесува 27.948 денари (453 евра) и е за 2,7 отсто повисока од истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според податоците зголемувањето се должи на повисоките просечни плати во секторите: „информации и комуникации“ од 10,1 отсто,  „други услужни дејности“ од  8,2 отсто и во „рударство и вадење на камен“ од 7,5 отсто.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, пак, е забележано во секторите: „рударство и вадење на камен“ за 9 отсто, „уметност, забава и рекреација“ за 6,4 отсто и „дејности на здравствена и социјална заштита“ од 4,1 отсто.

Во јануари просечната нето плата изнесуваше 28.272 денари што значи дека просекот е намален за 324 денари.

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во февруари 2021 година изнесувала 41.704 денари.