Во Македонија се возат сè постари и постари автомобили, покажуваат последните статистички податоци.
Како што објави 24 ауто минатата 2019 година просечната старост на автомобилите била 19,3 години што е влошување во поглед на 2018 година кога просечната старост изнесувала 19,1 година. Трендот на зголемување на староста започна во 2007 година кога просечната старост изнесувала 15,4 години.
Оттогаш, па заклучно со минатата година се бележи зголемување на староста. Така денес, во споредба со 2007 година на улиците во Македонија се возат за 3,4 години постари автомобили.
Според 24 ауто минатата година во споредба со 2018 година се возеле понови автобуси и тоа за 2,3 години. Истото се однесува и за товарните возила чија старост се намалила од 16,5 на 16,4 години.