
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво (10,6 проценти), административни и помошни услужни дејности (6,3 проценти) и земјоделство, шумарство и рибарство (6,3 проценти).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли (4,4 проценти), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,7 проценти) и стручни, научни и технички дејности (3,4 проценти).
Според ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни годинава изнесува 32.637 денари.
Во јуни годинава, 1,6 проценти од вработените во Република Македонија не примиле плата.