Проширена програмата за дуално образование на ЕВН Македонија

Со потпишување на нов меморандум за соработка, продлабочена е програмата за дуално образование на ЕВН и електротехничкото училиште „Михајло Пупин“ во Скопје.

Отсега, покрај наставата за тригодишно образование во насока Електричар – електромонтер, моделот за дуално образование ќе го опфати и четиригодишниот образовен профил за Електротехничар – енергетичар.

За потребите на наставата, ЕВН во училиштето комплетно опреми кабинет за настава со материјали, алат и опрема и полигон за практични вежби. Курикулумот е прилагоден со помош на експерти од ЕВН, а учениците посетуваат и практична работа во компанијата. Со завршувањето на програмата, тие имаат можност за сигурно вработување во ЕВН.

Целта на дуалното образование е креирање на кадри кои ќе бидат подготвени да одговорат на конкретните потреби на пазарот за труд. ЕВН Македонија беше прва компанија која започна со спроведување на моделот за дуално образование во 2017 година. Покрај СГУС Михајло Пупин, во програмата вклучено е и ОСТУ Гостивар. Досега, беа вклучени 181 ученик од кои 32 имаат постојано вработување во компанијата