Дваесет ичетиригодишен студент во четвртокот рано попладнето уби најмалку 15 и рани уште 24 лица од кои девет се во тешка состојба, на Карловиот Универзитет во Прага пред да биде „елиминиран“, објави чешката полиција.
Началникот на чешката полиција Мартин Вондрашек изјави дека на полицијата претходно во текот на денот ѝ било дојавено дека маж веројатно тргнал кон Прага од своето место на живеење во округот Кладно близу чешката престолнина, со намера да си го одземе животот. Набрзо потоа таткото на осомничениот напаѓач е пронајден мртов.
Чешката полиција претходно соопшти дека напаѓачот на универзитетот во Прага е 24-годишниот студент Давид Козак. Беше соопштено дека претходно денеска по него полицијата распишала потерница поради сомнение дека утринава го убил својот татко во селото Кладенско. Козак бил студент на Филозофскиот факултет и постои сомневање дека по убиството на својот татко тргнал во крвавиот поход.
„Имаме многу свежи непотврдени информации од профилот на социјална мрежа дека наводно бил инспириран од еден терористички напад во Русија есенва. Ова бил однапред испланиран ужасен чин кој започнал во округот Кладно, а за жал завршил тука“, изјави за новинарите министерот Вондрашек, додавајќи дека осомничениот напаѓач легално поседувал неколку парчиња огнено оружје.
Се истражува дали напаѓачот го убил полициски куршум или, пак, самиот си го одземал животот, истакна Вондрашек.
Малку подоцна полицијата соопшти дека ги истражува поединостите и истражува дали сега осомничениот напаѓач е одговорен за смртта и на две лица минатата седмица во шума во Клановицки во близина на Прага. Се верува дека напаѓачот, кој немал криминално досие, по случаен избор ги бирал жртвите на факултетот.
Полицијата замоли да не се открива идентитетот на осомничениот за нападот, меѓутоа откако претходно беше соопштен неговиот идентитет, медиумите пренесуваат дека неговото име се совпаѓа со извештајот на полицијата за претресот и профилот на социјална мрежа на кој се зборува за масовно пукање во Русија како инспирација.
Полицијата ги затвори пристапите кон Плоштадот Јан Палах и областа кон зградата на Карловиот Универзитет кои се наоѓаат во историскиот центар на Прага, на околу 500 метри од знаменитиот Карлов мост.
Во медиумите се објавени снимки и фотографии на кои се гледа како некои студенти ја напуштаат зградата на факултетот, додека други седат на парапетите близу покривот на зградата за да се сокријат од напаѓачот.
„Секогаш мислевме дека тоа се работи кои нам не ни се случуваат. Сега се покажа дека, за жал, и нашиот свет се менува и дека и тука се појавува проблемот на вооружените напаѓачи“, изјави прашкот градоначалник Бохуслав Свобода за Чешката јавна телевизија.
Петр Недома, директор на галеријата „Рудолфинум“ во концертната сала наспроти Плоштадот на Јан Палах, изјави за јавната телевизија дека го видел напаѓачот.
„Видов младо лице на галеријата коешто имаше некакво оружје во раката, како автоматско, и пукаше кон Мостот Манес. Го видов како го фрла оружјето на улицата и кое истана на пешачкиот премин“, рече Недома..
Друг очевидец, кој се претставил како 43-годишниот Иво Гавранек, за агенцијата Reuters вели дека во првите моменти мислел дека „неколкуте тресоци“ кои ги слушнал можеби дошле од гласните туристи или од блискиот филмски сет.
„Тогаш одненадеж студенти и професор истрчаа од зградата. Минав низ масата луѓе несфаќајќи што всушност се случува. Не бев подготвен да си признаам дека такво нешто би можело да се случи во Прага. Дури кога видов полицајци со автоматски пушки знаев дека е сериозно…“, вели Хавранек.
Злосторствата извршени со огнено оружје се релативно ретки во Чешка. Во декември 2019 година 42-годишен напаѓач уби шест лица во болничка чекалница во источниот град Острава, по што побегна и се самоуби. Маж во 2015 година застрела осум луше а потоа се уби во ресторан во Ухерски Брод, во историскиот регион Моравија и родно место на научникот и втемелувачот на современиот начин на образование Јан Амос Коменски.