Прослава на платинестиот јубилеј: Кралицата Елизабета II на насловната страна на списанието Vogue

Кралицата Елизабета Втора ќе се појави на насловната страница на априлското издание на британскиот „Вог“, за прв пат во историјата, по повод нејзиниот платинест јубилеј. На корицата ќе има слика на Нејзиното Височество од 1957 година, направена од Лорд Сноуден, поранешниот сопруг на принцезата Маргарет.

Кралицата на фотографијата ја носи дијадемата на Џорџ IV, а фотографијата е направена за време на нејзината десетгодишнина од бракот со принцот Филип.

Според портпаролката на магазинот, изданието ќе и оддаде посебна почит на нејзиното височество, во пресрет на платинестиот јубилеј, осврнувајќи се на нејзиното владеење над монархијата во текот на 70-те години на тронот.

Кралицата ќе се појави на една од двете двојни корици за априлското издание на британскиот магазин „Вог“.

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, беше насловна ѕвезда на „Вог“ во 2016 година, на насловната страница на изданието со кое се прославува стогодишнината на магазинот.

И во 2019 година, војвотката од Сасекс го уредуваше изданието како гостин. Нејзината насловна страница имаше слики од жени кои таа ги опиша како „сила за промена“, меѓу кои и активистката за климата Грета Тунберг, меѓу другите.

Насловната страна на кралицата е една од двете специјални верзии на списанието – на другата е прикажана „Hollywood Royalty“, со фотографија на актерката од серијата „The Queen’s Gambit“ Ања Тејлор Џој. Заедно со насловната слика на нејзиното височество, Ања носеше и совршена реплика на дијадемата на Џорџ IV.