Прославата по повод 20 години од потпишувањето на Рамковниот договор за влакно ќе ги избегне новите ресткриции за заштита од Ковид-19. Серијата настани треба да финишира в петок во скопскиот хотел Александар Палас со околу 300 гости, а целата прослава чини околу половина милион евра.
„Фокус“ не добил одговор од Министерството за политички систем на Артан Груби дали можеби се размислува за одложување на централната прослава. Меѓутоа, од Владата ги упатиле на денешната изјава на Груби.
Вицепремиерот денеска рече дека ќе се почитуваат сите мерки и протоколи што во моментот се во сила.
Новите построги рестрикции во сила стапуваат в понеделник. Со нив е предвидена забрана за прослави во затворен простор, а масовни настани ќе можат да се организираат на отворено под услов гостите да се вакцинирани.