Нова низа доверливи американски документи за Украина се појавија на интернет, објави во петокот весникот The New York Times.
Според весникот, на социјалните мрежи, меѓу кои и на Twitter протекле нови американски документи со ознака за строга доверливост кои се однесуваат на ситуациите и процените за Блискиот исток и за Кина. Вкупно, се истакнува во веста на NYT, на интернет се појавиле повеќе од 100 документи. На некои од документот било означено дека со нивната за содржина не треба да бидат запознаени странски претставници.
Според аналитичарите, пишува натаму The New York Times, масивното протекување на документите, како и природата на информациите содржани во новите материјали, може да им предизвика голема штета на американските власти. Еден од претставниците на американската разузнавачка заедница за весникот го опишал најновото притекување на доверливите документи како „кошмар за Петте очи“ (Five Eyes – FVEY) разузнавачки сојуз на САД, Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд).
Еден од новите документи, како што забележува весникот, е мапа со соодносот на сили околу Бахмут, утврдениот град на југоистокот на Украина во мнозински рускиот региони Доњецк за кој речиси повеќе од половина година се водат жестоки борби, каде според изјавија на двете страни изгубиле десетици илјади борци. Другите тајни документи, посочува NYT, се однесуваат на Кина и на индо-пацифичкиот региони, Блискиот исток и борбата против тероризмот.
Заменичката на портпаролот на Пентагон, Сабрина Синг, коментирајќи го за весникот истекувањето на документите, изјавила за новинарите дека „свесни сме за извештаите во врска со објавите на социјалните мрежи, Министерството (за одбрана) го разгледува прашањето“.
Претходно во четвртокот The New York Times објави дека Пентаготн истражува како документи со детален опис на плановите за зајакнување на украинската армија за планираната офанзива протекле оваа седмица на социјалните мрежи. Весникот The New York Times претходно објави дека на интернет се појавиле документи за кои се чини дека се модифицирани во одредени делови, односно дека нивната содржина има е во нешто променета во однос на она што се наоѓало во оригиналите, Во еден дел се изнесува процена за украинските воени загуби, којашто е далеку поголема отколку досегашните процени кои официјално ги објавуваат на Западот.
Истекувањето на доверливите документи за поединости од плановите на САД и НАТО за асистирање во подготовките на Украина за најавуваната пролетна офанзива „изгледаат како руска операција за дезинформирање“ за да се создадат сомневања во планираната украинска противофанзива, тврдеа во петокот од Киев.
Михајло Подолјак, советник на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володомир Зеленски, секако без да даде докази за агенцијата Reuters тврди дека документите за коишто извести The New York Times наводно содржат „многу големо количество измислени информации“.