![US-VOTE-ELECTION](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/06/voting-electionday.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Компанијата за анализа на податоците Deep Root Analytics, којашто има договор со Републиканската партија на САД, призна дека по грешка поставила во слободен пристап на интернет база со личните податоци за речиси 200 милиони американски избирачи, објави во понеделникот изданието The Hill.
Истекувањето на податоците било откриено од страна на експертот од организацијата UpGuard, Крис Викери, кој се занимава со прашањата на компјутерската безбедност.
„Сосема сме свесни за нашата одговорност во оваа сложена ситуација“, го цитира изданието соопштенеито на Deep Root Analytics. „Во однос на обемот, ова е најголемот истекување на податоци коешто некогаш сме го откриле“, од своја страна рекол Викери, кој професионално е ангажиран за утврдување и отстранување на ваквите проблеми.
Базата со информации од 25 терабајти била објавена без заштитна лозинка во „облачниот“ сервис за чување податоци кој ѝ припаѓа на компанијата Amazon. Таа содржела имиња и адреси на 198 милиони Американци, или повеќе од половината население на САД.
Исто така, во базата биле содржани и податоци за аналитички информации добиени со методот на компјутерска симулација, за веројатноста за нивните ставови по прашањето на партиската приврзаност или други политички прашања. Особено, станувало збор за поддршката на демократот Барак Обама на претседателските избори од 2012 година и републиканецот Доналд Трамп од минатата 2016 година.
Последен пат споменатата база со лични податоци за резултатите од кампањата од 2016 година била ажурирана во јануари годинава, по што станала отворена.
Како што наведува The Hill, секој можел да ги види тие имформации, доколку претходно знаел каде да ги бара. Слободниот пристап до нив бил од 1 до 14 јуни. Викери го открил истекувањето на 12 јуни, по што ја известил компанијата, како и регулаторните органи. Наскоро проблемот бил отстране.
Истекувањето на личните податоци на гласачите во САД според својот обем ги надминува неодамнешните слични грешки во другите земји, Така, во април 2016 година на итнернет се појавија сличната база податоци за 93 милиони мексиканци за 55 милиони Филипинци.