Најмалку седум лица се уапсени, а 23 се повредени за време демонстрациите кои се одржаа минатата ноќ во Шпанија против предлог-законот кој предвидува построги казни за одредени дела, како што се горувањето на националното знаме.
Полициските сили спречија околу 4.000 демонстранти да ја опкружат зградата на шпанскиот парламент.
Официјални лица велат дека седум лица се приведени откако оштетиле полициско возило.
Демонстрациите беа организирани во знак на протест на предлог-законот кој предвидува парични казни до 30.000 евра за палење на знаме и навреда на државата. Исто така постои и парична казна од 1.000 евра за навреда или закана на полицијата за време на демонстрации, пренесе АП.