Протест на Акропол: Отворете ги границите

Помала група активисти денеска протестираше на атинскиот Акропол поради ограничувањето на движење на бегалците и мигрантите во Европа.

Демонстрантите истакна транспаренти на кои пишуваше: „Отворете ги границите“. „Слободно минување, запрете ги војните“.

На мирниот протест учествуваа околу 60 лица.

Грчката полиција соопшти дека не морала да интервенира и оти демонстрантите мирно се разотишле.

Активистите и левичарските партии повремено го користат Акропол како место за политички протести.