![Samos protest begalci](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/Samos-protest-begalci.jpg?resize=644%2C428&ssl=1)
Група баратели на азил, сместени во центарот за регистрација и идентификација на Самос, денеска одржаа мирен протест и побараа да си заминат од островот, jави дописничката на МИА од Атина.
Според локалните медиуми, по собирот пред прифатниот центар, бегалците и мигрантите протестирале низ градот и извикувале „Слобода“.
Мирен протест имало и во текот на вчерашниот ден од оние мигранти и бегалци кои биле сместени во делот што изгоре во инцидентите и пожарот во понеделникот.
Според официјалните податоци од грчката Влада, заклучно со вчера, на островот Самос во прифатниот центар наменет за 648 лица, престојуваат 5.968 бегалци и мигранти.