
Грчките земјоделци ги засилија протестите против плановите на Владата за пензиските реформи, со зголемување на бројот на блокади на магистралните патишта со стотици трактори на клучните крстосници и попречување на сообраќајот.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, се очекува протестите да се интензивираат денеска на митингот на земјоделците во Солун, кој е планиран да се совпадне со посетата на северното пристаниште од страна на министерот за развој на земјоделството и храна Вангелис Апостолу.
Министерот, кој е во Солун за годишната земјоделска изложба „Агротика“, е под голем притисок да се сретне со земјоделците за да дискутираат за нивните барања за пензиските реформи.