Со блокада на магистралниот пат Велес -Штип, утринава независниот судски синдикат одржа протест поради ниските плати. Вработени во полицијата, шумската, затворската и судската полиција од Велес протестираа од 7 до 9 часот, блокирајќи го влезот во Велес од правец на Штип. Протестот беше под мотото „Враќање на достоинството на полицијата“.
Нивните главни и основни барања за овој протест се покачување на платите за 25%, признавање на репрезентаивноста на независниот синдикат на полиција, нов колективен договор за МВР, колективниот договор за шумската полиција да биде потпишан во најкраток можен рок и изготвување на посебни колективни договори за судската и затворската полиција, први од ваков вид во тие институции.
Според нивните најави вакви протести утрово имало и во Штип, Прилеп, Виница, Прилеп, Кучево, Куманово, Тетово. Ваков протест е најавен и за среда наутро, во истиот термин, на истите локации.
Полициските службеници побараа и демократизација на МВР и останатите институции, хиерархиско одделување во институциите, законско почитување на системот за унапредување и системот за кариера, како и подигнување на меѓучовечките односи во тие инститиуции.
Во изминативе години ние и целата јавност бевме сведоци на некооперативноста и игнонорантскиот однос од страна на надлежните институции и органи. Заради нашиот јавен и транспарантен настап за активностите и барањата и обелоденување на конкретните состојби во кои се наоѓаат работниците членовите на погоре споменатите синдикати се под енормни притисоци од страна на надредени кадри со цел отчленување и намалување на членството.
Заради непроменетите состојби по однос на правата утврдени со закон, незадоволителни и понижувачки егзистенцијални примања, приближно катастрофални услови за работа, ова здружение на синдикати донесе одлука да го организира овој протест и при тоа да ги изложи основните барања поради кој истиот е спроведен, вели Николче Кирковски, претседател на синдикална организација на независен синдикат на полиција од СВР Битола.