Протест на приватните специјализанти

Писмен договор и измени на Законот за здравствена заштита – побараа денеска приватните специјализанти кои излегоа на протест пред Министерството за здравство . Бараат да бидат платени за тоа што го работат како и останатите нивни колеги.

Од ресорното министерством, пак, велат дека приватните специјализанти  ќе почнаат да добиваат плата од февруари.

По средбата со приватните специјализанти – доктори на медицина од конкурсот 2019, постигнавме договор и со кофинансираните специјализанти, со што пристапуваме кон измена на Законот за здравствена заштита, согласно нивните барања, соопшти министерството за здравство

Приватните специјализанти порача и дека доколку не добијат писмена гаранција дека ќе земаат плата од фебруари  како многу нивни колеги  ќе заминат на работа во странство.