Протест на семејството и блиските на загинатата Викторија Николова против пресудата за сообраќајката кај „Сити Мол”

– Членови на семејството на Викторија Николова, младата девојка која во јануари годинава загина во сообраќајната несреќа кај „Сити мол”, денеска организраа протест пред Кривичниот суд – Скопје против судската одлука во која возачот Јордан Ѓорѓиев, беше осуден на казна затвор од три години.

Дел од овој протест беа и пријатели и другари на загинатата Викторија, кои носеа транспаренти со пораки преку кои го изразија своето незадоволство од пресудата.