Протест по намалувањето на казната за масакрот над 27 хрватски цивили во БиХ

Бранителските здруженија во Босна и Херцеговите оценија во неделата дека е „срамна и понижувачка“ одлуката на вишиот суд со која е намалена казната на поранешниот командант на бошњачката Армија на БиХ, Енвер Буза, за масакрот на 27 хрватски цивили во 1993 година во местото Уздол во северна Херцеговина.

Апелацискиот суд во петокот го осуди командантот на Прозорскиот баталјон на Армијата на БиХ на осум години затвор, откако ја укина првостепената пресуда со кој Буза беше осуден на 12 години. Како олеснителна околност се земени возраста и лошата здравствена состојба на осудениот.

„Оваа пресуда ја сметаме за срамна и понижувачка за воено злосторство кое припадниците на Армијата на БиХ го сторија врз немоќните цивили, деца, жени, старци и врз војници на Хрватскиот совет на одбрана (HVO)“, се вели во соопштението на здреженијата произлезени од војната, испратени во неделата до медиумите.

Во соопштението се поставува прашањато „зарем е можно животот на убиено дете, старец од 90 години, неподвижно лице и други невини убиени цивили, за правосудството на БиХ да чини три месеца затвор“.

„Со овој чин правосудството на БиХ уше еднаш се покажа како инструмент на политиката. Пресудата ја сметаме како истурање сол на раните на хрватскиот народ. Според народната излегува ‘кадија те тужи, кадија те суди’. Засрами се државо БиХ“, велат разочарените здруженија на бранителите.

Судот на БиХ во образложението на пресудата од петокот наведува дека припадниците на Армијата на БиХ на „свиреп начин“ извршиле злосторство над 27 цивили во Уздол, меѓу кои биле жени, деца и постари лица.

Буза како командант бил физички блиску до местото на злосторството и подоцна од безбедносните служби ја имал информацијата за злоторството, но не наредил истрага за настаните, ниту казнување на одговорните, наведуваат судиите.

Најмладата жртва на масакрот кој се одвивал на 14-ти септември 1993 година било 10-годишно момченце кое е убиено на прагот од неговиот дом заедно со 13-годишната сестра и нивната мајка, а во истото злосторство е убиено и 12-годишно девојче.

Според податоците на хрватската страна, во Уздол припадниците на бошњачката Армија на БиХ убиле вкупно 41 цивил и хрватски војни во рамките на операцијата „Неретва ‘93“, чија цел била заземање на цела Херцеговина и излегување на мора.

За ова злосторство никој не одговараше пред Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија во Хаг.
.