Протест пред Град Скопје поради проблемите со автобускиот превоз

Пред канцелариите на Град Скопје попладнево се одржа протест поради состојбата со јавниот превоз и недостиг на автобуси во главниот град.

Во Скопје два дена не сообраќаа автобуси поради тоа што ЈСП Скопје немаше нафта. Возеа само триесетина автобуси од кои 25 возат на гас. Состојбата се надмината откако Владата донесе одлука на ЈСП да му се даде нафта за седум дена од државните резерви.

Пред Град Скопје своето незадоволство го искажуваат жители на Шуто Оризари, организирани од градоначалникот Курто Дудуш, Сојузот на средношколци на Македонија, а со барање за нормализирање на јавниот превоз излегоа и студентите од УКИМ.