Протест пред Собрание: Нимиц да си оди од Македонија

Стотина членови на неколку граѓански здруженија и нивни поддржувачи вечерва одржаа протест пред Собранието во пресрет на посетата на медијаторот Метју Нимиц.

Тие бараат Нимиц да си замине од земјава и да го повлече срамниот предлог.

Тие истакнаа дека ќе се борат со сите средства за враќање на „одземениот суверенитет и за ревизија на сите спорни одлуки против државните интереси“.