На плоштадот Скендербег во Скопје денеска во 13 часот ќе се одржи протест против пресудата за обвинетите во процесот Диво Насеље, најави Здружението за албанска култура како организатор на собирот.
Протестот ќе заврши пред Основниот суд Скопје 1.
Здружението за албанска култура ги повика сите граѓани кои сметаат дека ваквото изживување и самоволие на судот во изрекување на казните за обвинетите во случајот Диво Насеље се уште еден пример за неправедна правда и двојни аршини од страна на судот.
„Нашето учество само ќе укаже за тоа колку сите сме за соживот, без маски и агенди“, велат организаторите.
Политичките партии на Албанците во Македонија веќе побараа меѓународна истрага и формирање анкетна собраниска комисија за овој случај.