Протест во Градачац по бруталните убиства на Низама Хекимовиќ

Денеска, граѓаните се собраа на главниот плоштад во Градачац, Босна и Херцеговина, на протест со барања за формирање специјална служба за поддршка на жртвите на насилство која ќе обезбедува медицинска, психолошка и правна помош, отворање безбедна куќа во Градачац, и формирање на специјален полициски оддел кој ќе прима и ќе се справува со повици за пријавување насилство и барање заштита.

Протестот е поттикнат од тројното убиство од страна на Нермин Сулејмановиќ кое се случи вчера во Градачац.

Вчера, на 11 август, Сулејмановиќ изврши фемицид, односно ја уби Низама Хекимовиќ, неговата сопруга која неколку дена претходно го пријавила во полиција за насилство. Сулејмановиќ го пренесуваше убиството во живо на Инстаграм. Откако ја убил сопругата, за време на полициската акција Сулејмановиќ извршил самоубиство.