Протест во Париз на илјадници граѓани против законот за снимање полицајци

Неколку илјади луѓе протестираа во Париз, главниот град на Франција, против донесувањето на законот со кој ќе се овозможи снимањете на припадниците на полицијата, со намера да им се наштети, да биде кривично дело.

Приврзаниците на законот, кои протестираа денеска, пак велат дека полицајците и нивните семејства треба да се заштитат од вознемирување, како на социјалните мрежи така и лично кога не се на должност, пренесе Ројтерс.

Противниците наведуваат дека законот би ја прекршил слободата на новинарите да известуваат и би го отежнале патот до одговорност на полицијата за злуупотреба, како што е прекумерната употреба на сила.

Прекршителот ќе сноси максимална казна од една година затвор и парична казна од 45.000 евра, доколку на снимката што ќе ја објави се гледа лицето на полицаецот при интервенцијата.

Учесниците на демонстрациите се собрани на плоштадот Трокадеро во западниот дел на Париз, активистите за заштита на човековите права, членови на синдикатот и новинарите скандираа: „Сите сакаат да ја снимаат полицијата!“

Некои од нив носеа транспаренти на кои пишуваше „Ќе ги спуштиме своите (паметни) телефони кога вие ќе го спуштите вашето оружје“.

Слични демонстрации се планирани и во Марсеј, Лил, Монпење, Рен и Сан Етјен.