Протест за 1 Мај – Работниците се државата

Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија по предлог на Претседателството на ССМ едногласно донесе Одлука да организира ПРОТЕСТ НА 1 МАЈ, Меѓународниот ден на труд под мотото РАБОТНИЦИТЕ СЕ ДРЖАВАТА.

Се обраќаме до нашите братски синдикати, до сите работници и граѓани, (пензионери, стечајни работници, невработени, студенти) на оваа Држава, крајно време е  да ни се придружат и да ни дадат поддршка, односно безрезервно да ни се приклучат во сите активности што на овој план ќе ги преземеме во наредниот период.

Недозволиво е во Македонија функционерите да добијат 78% покачување на платите, а работниците 0%.

Недозволиво е вработените во јавниот сектор да немаат право на регрес за годишен одмор како нивните колеги и колешки во приватниот сектор.

Недозволиво е да биде погазено работничкото достоинство и правото на пристојно работно време како цивилилзациска придобивка, со воведување на 60 часовна работна недела заради исполнување на желбите на газди, функционери и поединци.

Синдикалците се денес, на 1 мај  ќе бидат и  во наредниот период ќе излегуваат на улица на протест да го изразат работничкото незадоволство, а работниците и граѓаните заедно со нив потребно е да го изразат нивното незадоволство.

Протестот започнува на 01.05.2023 година во 12:00 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје.

Борбата е заедничка на сите, излези со работниците денес, зошто утре ќе биде доцна!

Да живее достоинството на трудот!

Заедно сите!