Граѓани денеска во 14 часот ќе излезат на протест на Камениот Мост во Скопје и ќе протестираат за преквалификација на кривичното дело „убиство“ во кривично дело „сообраќајна несреќа со смртни последици“ во случајот на убиеното дете Алмир.
– „Не сакаме и овој случај да биде од еден од тие во коишто, по кој знае кој пат, ќе констатираме постоење на селективна правда. Се надеваме дека конечно правото во Република Македонија ќе профункционира , и дека ќе се почитуваат правните норми“, се вели во повикот за протестот.