![отпад](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/otpad.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Граѓанското движење „Петоци за иднината“ денеска пред Собранието до 15 до 17 часот организира протестен собир со пeрфоманс, симболично седнување на улицата по што ќе побараат средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со цел да добие објаснување зошто донесувањето на овој закон континуирано се одложува.
„Дворските игри кои партиите ги играат во парламентот под превез на преговори за законот за отпад е најнов доказ дека чистиот воздух за нив е небитен кога ги загрозува профитите на големите бизниси, како тој за увоз на опасен отпад.
Во ноември минатата година коалицијата Зелен Фронт најави дека неисполнување на барањата, меѓу кое клучно беше носење на закон за отпад до крајот на 2019-та, ќе биде повод за граѓанска непослушност… Петоци за Иднината ќе одржи мирен собир на кој со заземање на улицата и седнување (sit-in) симболично ќе го демонстрира бесконечното чекање на граѓаните за здрава животна средина. Секој кој се наоѓа погоден од оваа ситуација е добредојден да ни се придружи!“, стои во нивниот повик.