Протестен марш денес и во Прилеп, Кичево, Штип и Куманово

Здруженијата на граѓани „Прилепски бранители“, „Карпалак“, „Пере Тошев“, „Патриот“, „Андон Ќосето“, „Здружение на резервни старешини“ денес во 17 часот организираат протестен марш во Прилеп, кој ќе започне кај споменикот „Прилепски бранители“.

Целта на маршот е одбрана на унитарноста на државата и испраќање на јасна порака од граѓаните: „Една држава, еден јазик, една Македонија“, со што се спротивставуваат на воведувањето на двојазичност во Македонија.

На маршот ќе се придружат и граѓаните од Кичево, Штип и Куманово.