Протестен марш во Тетово на годишнината од трагедијата со модуларната болница

Денеска се навршуваат две години од трагедијата од страотниот пожар кој ја уништи модуларната болница во Тетово, каде животот го загубија 14 лица, пациенти и членови на семејствата.

По тој повод, попладнево во Тетово се одржува протестен марш, на кој семејствата на загинатите бараат правда. Маршот според најавите почнува од локацијата каде што беше модуларната болница, а ќе заврши пред тетовскиот суд. На 5-ти јуни годинава, поранешните директори на тетовската клиничка болница, флорин бесими и артан етеми добија 18 месеци условна затворска казна за предизвикање опасност за животот на пациентите. Докторот Бобан Вучевски, кој беше обвинет за непостапување според здравствени прописи во време на пандемија, беше ослободен од вина.