Протести пред судот во Струга по нападот врз ученик, професорот доби 8 дена притвор

Учениците од средното училиште „Ибраим Темо“ денеска на протест пред струшкиот суд. Тие  побараа правда по вчерашниот инцидент во кој нивни соученик беше нападнат со железен боксач од страна на професор по англиски на кој сведоци биле голем број ученици а во знак на револт ја бојкотораа и наставата.

На инцидентот му претходеле вербални навреди од страна на професорот упатени кон негова колешка, на што ученикот се обидел да се спротистави по што и тој добил закани по живот.

57 годишниот професор, бил проблематичен иако имал 30 години стаж во училиштето тој и претходно се заканувал на колеги, и ученици за што имало пријави и поплаки.

Полицијата денеска против професорот поднесе кривична пријава за насилство.