Протести против ископ на литиум во Белград, најавeни блокади

Десетици илјади луѓе, како што известуваат дел од белградските медиуми, протестираат во сабота вечерта во центарот на срспакта престолнина Белград против ископувањето на литиум на покана на еколошки здруженија и движења, барајќи од владата да го усвои Законот за трајна забрана за геолошки истражувања и експлоатација на литиум и бор во Србија.

На вечерашниот протест му претходеа протестни собири во педесетина градови и населени места низ Србија, откако на 10-ти август истече рокот од 40 дена што Алијансата на еколошките организации на Србија (СЕОС), еколошките движења и здруженија зад кои стоиојат всушност опозициските партии и странските невладини одрганизации, ѝ го дадоа на владата да го донесе споменатиот закон.

Проценките на норганизацијата Архив на јавните собири тврди дека во саботата вечерта се собрале повеќе од 40.000 луѓе.

Властите во Србија се соочуваат со сè погласен отпор на ископувањето литиум, откако на 19-ти јули таа потпиша меморандум за стратешко партнерство за одржливи суровини со Европската унија, што предизвика нов бран речиси секојдневни протести низ целата земја. Владата одговори тогаш, дека првите истражувања и дозволи за ископи своевремено ги дала владата на сегашната опозиција која сега се противи и оценува дека станува збор за обид да се спречи развојот на Србија која во моментов е водечка по растот во региото, вклучително и членките од ЕУ.

Случајот поврзан со ископ на литиум, што ја планира мултинационалната компанија „Rio Tinto“ в западна Србија, во земјоделско подрачје на регионот Јадар, беше актуелизирана пред нешто повеќе од две години, а српската влада во јануари 2022 година беше соочени со протести на кои тогаш десетици илјади луѓе излегоа на улиците, и ѝ ја одзеде лиценцата на таа компанија.

Уставниот суд неодамна ја укина владината одлука од 2022 година за одземање на дозволата, а неколку дена подоцна владата брзо донесе нова регулатива и на тој начин го „врати во живот“ проектот „Rio Tintо“.

„Нема да копаш“, „Рио Тинто, марш од Дрина“, „Нема да има рудник“, беа некои од транспарентите што ги носеа демонстрантите.

По митингот во центарот на Белград, поворката се упати по улицата на Кнез Милош, со жестоки протести на демонстрантите додека минуваа покрај германската амбасада, чиј канцелар Олаф Шолц присуствуваше на неодамнешното потпишување на Меморандумот меѓу Србија и ЕУ , охрбарувајќи ја српската влада во експлоатацијата на стратешки суровини.

На повик на организаторите, демонстрантите се поделија на две колони со намера да ја блокираат железничката клучка во Белград. Сообраќајот на автопатот низ Белград на клучката Газела кон Ниш и кон Загреб е блокиран во двата правци. Тоа, како што предупредија властите, претставува блокирање на меѓународни правци што е спротивно на законските прописи на континентот.

Претходно, српскиот претседател Александар Вучиќ, одговарајќи во текот на денот на прашање за подготовките на Западот за акции на територијата на Србија со цел да се изврши државен удар, рече дека Русија го предупредила раководството на земјата за подготовка на претстојни масовни безредија во Србија, организирана од претставници на тајни служби западните земји. Тој рече дека со тоа се занимаваат надлежните служби и им порача на сонародниците да бидат спокојни.