
Над 20.000 луѓе протестираа во Стокхолм против тероризмот по нападот со камион управуван од 39-годишен Узбекистанец во кој загинаа четворица цивили.
Според полицијата, осомничениот кој требало да биде депортиран аплицирал за постојан престој во 2014 година, но бил одбиен и лани, во декември, добил четири недели да ја напушти државата. Оттогаш бил во бегство.