Хаос владее на улиците во грчката престолнина Атина, предизвикан од генералниот штрајк на кој повикаа синдикатите против економските мерки и реформите во секторот труд и социјала, јавуваат тамошните медиуми.
Сојузот на новинари на aтинските дневни весници (ESIEA) прогласи 24-часовен штрајк кој ќе трае од четвртокот 14-ти декември во 6 часот, до петок 15-ти декември, исто така, до 6 часот. Сојузот на новинарите учествува во националниот 24-часовен штрајк, заедно со Конфедерацијата на државни службеници (AEDY) и Генералната конфедерација на грчки работници (GSEE)(ГСЕЕ), во знак на протест поради строгите мерки на штедење усвоени од страна на грчката влада кои влијаат на сите грчки работници, особено оние вработени во медиумите.
Од утрото движењето по улиците на Атина е исклучително тешко, во штрајк се и вработените во градскиот транспорт. Возовите не се движат, бидејќи железничарите штрајкуваат против приватизација на секторот. Откажани се и летови, додека бродовите се во пристаништата.
Центарот на Атина е затворен бидејќи таму има протести. Едниот е по повик на главниот синдикат во државата во кој се државниот и приватниот сектор. Другите протести се организирани од блискиот на Комунистичката партија синдикат PAME чии учесници се обидуваат да стигнат до американската амбасада.
Во рамки на генералниот штрајк денеска протести се организирани во Солун и други градови во државата.