Стотици Јорданци се собраа на протест против зголемувањето на цените и даноците во земјата, додека пред зградата каде канцеларијата на премиерoт на Јордан дојде во конфликт со полицијата.
Демонстрантите извикуваа „Народот сака да ја соборат владата” пред зградата на владата, каде беа пречекани од полициски кордон, објави АП.
Тие побараа од кралот на Јордан, Абдула II, да го распушти парламентот и да ги укине нивните одлуки. Кралот неделава привремено ги намали цените на горивата поради протестите.
Овој протест е последниот во низата демонстрации против мерките на штедење што ги бараат меѓународните заемодаватели поради зголемувањето на јавниот долг, соопшти АП.