Стотици луѓе излегоа на улиците во Копенхаген синоќа во знак на протест против ограничувањата поврзани со Ковид-19 и плановите на земјата за дигитален сертификат за вакцинација.
Организирани од група која себеси се нарекува „Мажи во црно“, околу 600 луѓе се собраа пред зградата на парламентот во знак на протест против „диктатурата“ на делумното заклучување на Данска.
Плановите на државата за воведување на „пасош“ за дигитална вакцина беа главна цел на нивниот гнев.
Како и другите европски земји, Данска има намера да развие дигитален сертификат за вакцинација за Ковид 19, за патувања.
Организаторите на протестот велат дека ваквиот пасош имплицира обврска да се вакцинираат и претставува дополнително ограничување на индивидуалната слобода. Вакцинацијата не е задолжителна во Данска.
Демонстрантите маршираа со факели во центарот на данската престолнина извикувајќи „доволно ни е“ и „слобода за Данска“.
Продавници, барови и ресторани во моментов се затворени во Данска и владата ги продолжи ограничувањата до најмалку 28-ми февруари.
Сепак, основните училишта повторно ќе се отворат во понеделник.